Српскиот тениски ас го растажи светот

Српскиот тениски ас го растажи светот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на навивачите на исклучително емотивен начин.

Тој, на својот Инстаграм профил објавил неверојатно емотивно писмо во кое до детали опишал низ што сè проаѓал во изминатиот период.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

“Пред да ги споделам со вас моите најдлабоки мисли, сакам да ви се заблагодарам за вашата љубов и поддршка во тешките, но и добрите времиња. Многу ми значи тоа и знам дека не беше лесно да бидете тука кога работите беа нејасни. Затоа, ви благодарам!

View this post on Instagram

Before I share with you my deepest thoughts, I wanted to THANK YOU for your love and support during the hard times, and also during these good times. It means the world to me and I know it wasn’t easy to stick around when things were uncertain. So thank you! _ UnBELIEVEable is usually the most common way to explain extraordinary success.. To me, that expression negates the most powerful emotion that one can have – BELIEF. All this time, belief is what pushed me through moments of doubt, pain, uncertainty. I was stuck at some point and overwhelmed by a plethora of information. And the results were not showing. Everybody offered their opinions and advice on what to do and what was happening to me, and I can’t say I didn’t hear any of it. I did. I got confused at times. But there was one thing that kept me up, kept me going: Belief in myself, my abilities, my skills and talent, and my resilience. Belief that I am meant to do this. _ The biggest takeaway from these fantastic past few months is that UNBELIEVABLE doesn’t exist. Limits do not exist. When you see it in your mind, you can achieve it in life. When you show up with your courage, confidence and belief, you are already a winner despite the actual result. Your character prevails and you build your habits and your habits bring you one step closer to your goals. So my friends, embrace adversity and trust in the power of belief.. it can take you anywhere 💪 Love to all. Idemooo #USOpen

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Често го користиме зборот неверојатно за да ги опишeме големите успеси. Мене тој збор некако целосно ми го поништува тој успех и она што го прави истиот толку голем. ВЕРБАТА во себе, во своите способности, силата и истрајноста. За мене ВЕРБА е да можам и таа ми помогна да одам чекор напред во моментите кога најмногу се сомневав и патев. Тој пат секој мора да го помине порано или подоцна, а отпорот само го одложува напредокот. Многумина ми дадоа свое мислење и совет, не можам да кажам дека не ги слушав, дека тие не ме збунија…да. Но, ВЕРБАТА ме одржа на вистинскиот пат.

Постојат неколку лекции кои можам да ги споделам со вас, а кои ги научив во последните неколку месеци. НеВЕРОјатно не постои. Не постојат граници. Она што го гледаш и го замислуваш во главата, тоа го остваруваш во животот. Кога на сите предизвици одговораш храбро, со силен карактер и самодоверба – веќе си победник, без оглед на конечниот резултат. Ти ги градиш своите навики, а тие чекор по чекор те носат кон целта.

Затоа мои пријатели, прифатете ги проблемите и верувајте во силата на вербата. Може да ве однесе било каде”, напишал Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.