Спирален дизајн на екстериер инспириран од внатрешниот механизам на часовникот

Спирален дизајн на екстериер инспириран од внатрешниот механизам на часовникот

По долгогодишно чекање, конечно ќе се отворат вратите на музејот на часовници во Швајцарија! 

Овој футуристички музеј се наоѓа во малата швајцарска провинција Вале де Јокс, веднаш до познатата фабрика за часовници потпишана од најмоќниот човек во светот на часовниците – Аудемарс Пигуте. Музејот е, како што било планирано, половина „потопен“ во земјата, што ја нагласува трајноста и издржливоста на зградата. Овој стаклен спирален павилјон во форма на спирална структура ја надополнува најстарата зграда на компанијата, односно првата работилница на Audemars Piguet од 19 век. Спиралната конструкција визуелно се издига од земја и нуди прекрасен поглед на далечната долина на планините Јура.

Подеднакво зачудувачки е и ентериерот на самиот музеј; изгледот на музејот следи континуирано, линеарно просторно искуство, а заоблените стаклени sидови се спојуваат како стрелките на часовникот, кон центарот на спиралата. На ист начин, посетителите ќе прошетаат низ зградата – точно како што оди механизмот за часовници. Музејот содржи простори за традиционални работилници, но и простории каде ќе имаат можност да бидат сведоци на создавање часовник што ќе го креираат и дизајнираат тамошните вработени во компанијата. Покрај тоа, музејот ќе има повеќе од 300 часовници од сите периоди во својата колекција, вклучително и никогаш невидени, неконвенционални дизајни.