Spice Girls враќањето на сцената го започнуваат со кралската свадба

Spice Girls враќањето на сцената го започнуваат со кралската свадба

Гери Хорнер им со доверила на нејзините пријатели дека првиот настап, по повод враќањето на сцена на нејзината група Spice Girls, ќе биде на кралската свадба на 19 мај.

Гингер смета дека тоа е вистинска прилика и дека добро се вклопува во нејзината идеја, враќањето на Spice Girls да биде „многу британско“.

Членките на поп групата Spice Girls сакаат да пеат на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, бидејќи идната невеста е нивен голем обожавател.

Пред одредено време, овие девојки повторно се собраа и најавија нивно враќање на сцената.