Spice Girls ја откажаa турнејата

Spice Girls ја откажаa турнејата

Ветената турнеја на Spice Girls, што требаше да им донесе на пејачките по 30 милиони фунти, нема да се одржи, соопштија медиумите на Островот.

Се очекуваше групата да се обедини за неколку проекти, вклучувајќи и светска турнеја. Иако Викторија Бекам велеше дека нема да учествува во турнејата, останатите – Мел Би, Мел Си, Ема Бантон и Гери Хорнер, се надеваа дека нивниот менаџер, Сајмон Фулер ќе ја убеди.

„Тие имаа понуда за 150 милиони фунти, со концерт на стадионот „Вембли“. При овие услови дури Мел Си, која пред тоа не покажуваше желба, потпиш“а, рече неименуван извор за весникот „Сан он сандеј“.

Пред еден месец, Мел Би објави дека сите потпишале договори за нивно враќање. Плановите сепак брзо се променија. Сега тие чувствуваат дека нивниот менаџер ги искористил, за повторно да се пишува за неговото име.

Претходното турнеја на групата Spice Girls беше во 2007 – 2008 година. Тие не се пееле заедно од церемонијата на затворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.