Spice Girls доаѓа повторно на сцената!

Парична надомест од 11,4 милиони евра би добил популарниот женски бенд од 90 – те Спајс Грлс (Spice Girls) доколку  повторно се обедини на музичката сцена.  

Викторија Бекам се согласи да настапува, но не и да пее.Викторија и Гери првично ја одбиле понудата да одат на турнеја, која секако вклучува секојдневни настапи и вложување целосна енергија и големо фокусирање, поради семејните обврски, но сепак на крајот турнејата ќе се оствари.

Исто така, се подготвува и албум во кој ќе се најдат нивните најголеми хитови, ќе гостуваат во телевизиски емисии и ќе започнат со продажба на нивни производи. Планирани се настапи и во Кина.

Последен пат кога Спајс Грлс настапи заедно беше на отворањето на Олимписките игри во 2012 година во Лондон, а една година подоцна ги рекламирале своите производи под името Вива Форевер.

Бендот требало да се обедини уште многу порано, но Викторија Бекам била онаа која постојано се двоумела. Сè уште не е познато зошто го промени своето мислење, но секако добро би ѝ дошле 11 милиони евра само да се појавува на настап каде нема да пее. Според британските медиуми, Спајс Грлс синоќа одржале состанок во Лондон каде дискутирале за деталите околу турнејата.