Спектакуларниот Razer 2 пристигнува до крајот на оваа година

Спектакуларниот Razer 2 пристигнува до крајот на оваа година

Razer Phone покрај тоа што е гејминг телефон, претставен е  и како „совршениот телефон за гејмери“, а новата верзија се очекува да биде најдоброто нешто на пазарот со паметни телефони.

Од компанијата Razer не го кријат своето задоволство од успехот на нивниот прв паметен телефон кој што е единствениот на пазарот со 120Hz екран и одлични звучници во комбинација со фантастичен хардвер.

Со оглед на тоа што веќе се појавија нови телефони на пазарот како што се Samsung Galaxy S9, Huawei P20 и нивниот главен конкурент – Asus ROG, од Razer одлучија до крајот на оваа година да го претстават наследникот на Razer Phone.

Од Razer најавија дека Razer Phone 2 ќе биде опремен со најновиот процесор на Qualcomm, но од таму не потврдија за кој процесор ќе станува збор.

Моментално, најновиот процесор на Qualcomm кој што е наменет за флегшип моделите е Snapdragon 845, но постојат гласини дека до крајот на оваа година ќе се појави Snapdragon 855, па доколку тоа е вистина, токму Razer Phone 2 ќе биде опремен со најновиот и најмоќен процесор на пазарот.

Сега, останува и да почекаме до крајот на оваа година кога ќе пристигне Razer Phone 2, а можеме да бидеме сигурни дека Razer повторно ќе понуди врвен телефон со најнови гејминг иновации.