“SpaceX” го однесе првиот „приватен робот“ на Месечината!

“SpaceX” го однесе првиот  „приватен робот“ на Месечината!

Израелска компанија го лансираше првиот приватно финансиран робот на мисија на Месечината. Ракетата на “SpaceX” полета од Флорида носејќи го првиот „приватен робот“ наречен “Beresheet”.

Доколку слетувањето биде успешно, тоа ќе биде првото приватно финансирано летало кое што ќе ја допре површината на Месечината. Досега тоа го имаат направено само сондите и роверите на државни вселенски проекти на САД, Кина и Русија.

Ракетата “Falcon” на американската компанија “SpaceX” успешно го испушти “Beresheet” во Земјината атмосфера, од каде што леталото самостојно ќе продолжи да се движи кон Месечината, патување кое ќе трае околу два месеци.

Зад “Beresheet” стои компанијата “SpaceIL” чија што цел е слетувањето на роботот на Месечината да послужи како инспирација за други и подобри мисии.

“Beresheet” чини околу 100 милиони долари, а после слетувањето, ќе ја фотографира околината и ќе ги испитува магнетните карактеристики на Месечината. Исто така, роботот ќе може да се движи, па задачите ќе ги извршува на повеќе локации.

Инаку, “SpaceIL” беше една од компаниите кои се вклучија во “Google XPRIZE” за да освојат финансирање на мисијата на Месечината која што ја вети технолошкиот гигант. Сепак, никој не ја доби наградата затоа што според “Google”, ниту една компанија не ги остварила потребните критериуми.