Совршен леопардски зимски стил на Викторија Бекам

Совршен леопардски зимски стил на Викторија Бекам

Познатата сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам секогаш е беспрекорно облечена, па не е ни чудно што е модна инспирација за многу жени и девојки.

43-годишната мајка на четири деца негува минималистички стил полн со женствени креации што и ласкаат на фигурата, па освен што изгледаат феноменално, делуваат и многу практично.

Викторија докажала дека е упатена во најновите трендови и на аеродромот во Њујорк каде што не можела да помине незабележано во креација со сопствен потпис во најпосакуваниот дезен оваа сезона: животински принт.

Викторија била поим за елеганција во раскошниот капут од својата колекција со леопардски дезен, чија цена е прилично висока. За оваа елегантна креација би требало да издвоите 2.495 фунти.