Сораја во врска со провокативните фотографии – Тоа е уметност

Сораја во врска со провокативните фотографии – Тоа е уметност

Сораја привлече големо внимание поради провокативното однесување и уште попровокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

Во едно интервју таа објасни дека всушност станува збор за уметнички фотографии, но дека луѓето не ги разбираат.

Луѓето немаат ширина, не се трудат да разберат повеќе од тоа што зацртале. Уметничките фотографии кои ги постирав ги нарекуваа болни, зборуваа дека сум во секта – објасни старлетата.

Таа исто така откри дека поради таквите фотографии нема проблеми со родителите на своите партнери, освен во еден конкретен случај.

Имав проблем само кога се забавував со едно момче од Хрватска, со кој долго бев во врска. Особено кога се фотографирав во едно провокативно издание за една насловна. Тогаш настана хаос. Во Хрватска се поконзервативни отколку тука кај нас. Тие шоу бизнисот го доживуваат како нешто шокантно – изјави таа за крај.