Сораја се огласи за The Sun и проговори за врската со Нејмар

Сораја се огласи за The Sun и проговори за врската со Нејмар

Сораја Вучелиќ овие денови предизвика планина од реакции откако во медиумите се појавија информации дека на старлетата и е забранет влез во Србија и била депортирана во Црна Гора, а веднаш потоа таа исчезнала и и се губи секој траг.

Во меѓувреме Сораја се појави во британскиот весник The Sun поврзувајќи ја со фудбалерот Нејмар.

Имено весникот пишува за наводна врска на старлетата и Бразилецот, а во пресрет на СП во Русија, таа во интервју зборуваше во пресрет на мечот помеѓу Србија и Бразил во групната фаза.

„Моето срце ќе биде на терен. На која страна ќе видиме, патриотизам на едната страна и другата работа на другата страна. Им посакувам среќа на двете репрезентации“, вели Сораја за The Sun.

Таа на прашањето дали ќе отпатува за Русија вели дека таа е повикана, но размислува дали да оди за Русија.