Сораја пишува книга?

Сораја пишува книга?

Популарната старлета Сораја Вучелиќ пишува книга. Таа одлучила да ја заинтригира јавноста со детали од својот живот за кој не се знае речиси ништо, а низ анегдоти ќе спомене и бројни јавни личности.

Познато е дека таа се дружи со најмоќните и најпопуларни лица во Србија. Со сите минала низ разни ситуации за кои ќе пишува во својата книга.

„Толку многу се пишуваше и зборуваше за мене што мислам дека е жално да не објавам книга. Некогаш не бев во ситуација да одговорам на некои прозивки или трачеви, па така сега вистината за се ќе биде обелоденета“, вели Сораја.

Како што пишува Информер, таа ќе открие се за палењето и уништувањето на нејзините скапи автомобили, со поврзувањето на многу контроверзни лица од политиката, криминалот, бизнисот и естрадата.

Сораја е свесна дека книгата ќе предизвика вистински хаос, но не ја интересира што јунаците од нејзините приказни не сакаат некои тајни да се дознаат.

Таа додава дека уште на самиот почеток се соочува со „проблем“ бидејќи имала доволно материјал за два романи, а доколку се смести во еден ќе останела недокажана.

Сораја вели дека никој нема да може да ја запре и да ја цензурира.