Sony го претстави својот најнов смарт телефон

Sony го претстави својот најнов смарт телефон

Јапонскиот технолошки гигант на MWC во Барселона го претстави новиот модел Xperia 1.

Новиот телефон на Sony е необично долг телефон, опремен со 21:9 CinemaWide 6.5-инчен HDR OLED екран кој што е развиен со помош на технологиите кои се користат при развојот на телевизорите Bravia.

Од Sony тврдат дека главната предност на таков профил на долг екран е тоа што повеќе апликации можат да се прегледаат одеднаш со помош на користење на алатката Smart Sense.

Исто така, покрај на екранот, од Sony обрнале и големо внимание на звучниците на овој паметен телефон, па така во соработка со Sony Pictures Entertainment развиени се звучници кој нудат одличен квалитет, а телефонот поддржува и Dolby Atmos.

Што се однесува до камерата, на задната страна од Xperia 1 се сместени три камери, кои што исто така се опремени со технологии од фотоапаратите на компанијата, а исто така посебни алгоритми се задолжени за изострување на фокусот на ниво слично на очите.

Xperia 1 има метално куќиште кое на задната и предната страна е обложено со Gorilla Glass 6, а телефонот исто така има IP65/IP68 сертификат за отпорност на вода.

Новиот телефон на Sony работи на Qualcomm Snapdragon 855 процесор, има 6 GB RAM и 64 и 128 GB интерна меморија, а исто така располага и со батерија со капацитет од 3330 mAh. Xperia 1 ќе работи на оперативниот систем Android 9 Pie и на пазарот ќе пристигне на пролет.