Sony го претстави новиот Xperia XA2 Plus

Sony го претстави новиот Xperia XA2 Plus

Компанијата Sony денеска го претстави својот нов паметен телефон, а тоа е Xperia XA2 Plus, уред кој е “дизајниран за забава”.

Од Sony порачуваат дека нивната Xperia XA2 Plus нуди најдобро искуство при прегледување на мултимедијалните содржини и играње видео игри.

Паметниот телефон поседува 6-инчен Full HD+ екран со формат 18:9 и заоблени рабови, влез за слушалки, Qualcomm Snapdragon 630 процесор и задна камера од 23 мегапиксели која може да снима 4К видеа и slow-motion видеа при 120 рамки во секунда.

Предната 8-пикселна камера има суперширок агол, а телефонот поседува и сензор за отпечатоци на прсти и Qualcomm Quick Charge технологоја на полнење на батеријата со помош на USB-C порт.

Мобилниот ќе биде достапен во две верзии – едната поседува 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија, а другата поседува 6 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија. Xperia XA2 Plus користи оперативен систем Android 8.0, а ќе биде понудена во сребрена, црна, златна и зелена боја.

Се уште не се познати деталите околу цената на новиот уред на Sony. Минатогодишниот XA1 Plus изнесуваше околу 380 долари.