Son Goku ZX500 RM, патики на Adidas

Son Goku  ZX500 RM, патики на Adidas

Сигурни сме дека сте чуле за јапонскиот цртан филм “Dragon Ball”, кој во 90-тите и 2000-тите доминираше во светот, а и на нашите простори.

Легендарната серија “Dragon Ball Z” е една од најгледаните аниме серии на сите времиња и тоа е една од причините поради која Adidas сакал да оддаде почест на главниот јунак.

Како и самиот јунак, и овие патики го носат називот Son Goku и ги имаат препознатливите впечатливи бои. Станува збор за моделот ZX500 кој е унапреден и кој ги има боите за кои сте можеле само да сонувате.

Можеби некој ќе каже дека оваа комбинација на бои не е убава и дека тешко ќе се вклопи со остатокот од гардеробата, но ова се сепак препознатливите Гоку бои кои ќе ги препознае секој љубител на аниме серијата. Основната боја на патиките е портокаловата, додека деталите се во црвена, сина и бела боја.

Овие патики се разиграни и совршени за летниот период. Adidas исто така се потрудил да го направи моделот што поудобен, така што во нив ќе се чувствувате како да одите по облаци. Посебно дизајнираниот ѓон ќе ги ублажи вашите чекори, а вашиот зглоб исто така ќе биде безбеден во овие патики, па со нив може да играте кошарка или фудбал.

Цената сè уште не е позната, како и точниот датум кога ќе се појави во продавниците, но сигурни сме дека тоа ќе се случи во рок од неколку месеци.