Солскјер зема поголема плата од Клоп

Солскјер зема поголема плата од Клоп

Иако прави чудесни работи со Ливерпул, Јирген Клоп сепак не е меѓу трите најплатени менаџери во Премиер лигата.

Најплатениот менаџер воедно е и старо-нов шампион на Англија, Пеп Гвардиола, кој на Етихад заработува 15 милиони фунти годишно.

Зад Гвардиола на листата е годинешниот финалист од Лигата на шампионите и човекот кој прави фантастични работи на клупата на Тотенхем, Маурисио Покетино, а неговата годишна плата изнесува 8,5 милиони фунти.

На третото место е Оле Гунар Солскјер, кој добива 7,5 милиони годишно иако неговиот Јунајтед остана без пласман во Лигата на шампионите, а и нема некое позавидно реноме зад себе, со исклучок на времето во Молде каде беше шампион во Норвешка и играше во групната фаза од ЛЕ, додека пак Ливерпул на Јирген Клоп му плаќа 7 милиони евра годишно.

Унаи Емери, менаџерот на Арсенал, е на петтото место на најплатени менаџери во лигата со шест милиони, додека шести е Маурицио Сари со 5,15 милиони фунти годишна заработувачка.