Солскјер во недела има шанса да постигне неверојатен рекорд

Солскјер во недела има шанса да постигне неверојатен рекорд

Во недела се игра големото дерби на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и лидерот во Премиерлигата, тимот на Ливерпул.

Домашните се во одлична серија, па ќе се обидат со евентуална победа против Ливерпул да им нанесат удар на табелата, со што ќе му овозможат на Сити да им се доближи дополнително на табелата, плус што тие ќе освојат бодови во битката за топ4 сезонава.

Но освен тоа, Оле Гунар Солскјер ќе има одлична шанса да постигне неверојатен рекорд, кој досега го има поранешниот тренер на Челси, Гус Хидинк.

Екс тренерот на Челси, Гус Хидинк, од минатото има скор од 25 освоени поени во првите 10 натпревари, а Оле Гунар Солскјер во првите 9 натпревари има 8 победи и едно реми, па евентуално со победа против Ливерпул, ќе може да постави свој личен рекорд со број на поени.