Солскјер се надева дека Де Хеа ќе го продолжи договорот

Солскјер се надева дека Де Хеа ќе го продолжи договорот

Оле Гунар Солскјер денес одржа прес конференција во Австралија на која главна тема беше заминувањето или останувањето во клубот на Пол Погба.

Сепак, освен за Французинот, Оле се осврна и на некои други детали кои се важни и се поврзани со останатите играчи од клубот.

Така, Солскјер истакна дека се надева дека наскоро ќе биде затворено прашањето околу новиот договор на Давид Де Хеа. Шпанецот бара најмалку 450.000 фунти неделна плата, а тоа веројатно и ќе го добие и ќе потпише повеќегодишен договор со ѓаволите.

Давид има лето во кое преговара и се надевам дека наскоро се ќе се реши. Јас сум позитивен по ова прашање. Секако, многу пати кажав колку сум среќен што го имам во тимот – истакна Солскјер.