Солскјер:Не постои невозможна мисија!

Солскјер:Не постои невозможна мисија!

Екипата на Манчестер Јунајтед вечерва се среќава со ПСЖ во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Тимот од Олд Трафорд ќе има тешка задача соглед на тоа што по првиот меч има негатива од два погодоци.

И покрај ова што светците имаат драстично поголеми шанси за пласман во 1/4 финалето, стратегот на црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер е убеден дека неговиот тим е подготвен да ја анулира негативата и дека се уште не е ништо готово.

Фудбалот е тактичка и техничка игра, но исто така и ментална. Повторувам, мора први да постигнеме гол и така да ги наведеме да се посомневаат во себе. Не постои невозможна мисија – заклучи Норвежанецот.