Солскјер: Имаме шанси можеме да направиме изненадување

Солскјер: Имаме шанси можеме да направиме изненадување

Барселона синоќа од Олд Трафорд си замина со победа од 1-0, па така реваншот ќе го дочека многу поспокојна. Од друга страна Манчестер Јунајтед кој во последно време игра во слаба форма, само ја потврди оваа констатација.

Сепак стратегот на црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер верува дека негативата може да ја надополнат во Шпанија.

Одиме во Барселона со мисла дека можеме да постигнеме гол во гости. Тоа ќе ни биде во памeта, мора да дадеме гол истакна Солскјер и додаде:

Мечот во Париз ни дава надеж дека можеме да го повториме истото, но овојпат играме против фаворитот во ова натпреварување.