Солари: Ги жалам луѓето кои досега не го знаеа Бензема

Солари: Ги жалам луѓето кои досега не го знаеа Бензема

Реал Мадрид влезе со серија победи од почетокот на новата година.

 

Екипата на Сантијаго Солари притоа се пласираше и во полуфиналето од Купот на Кралот, а синоќа на мечот со Џирона одличен беше Карим Бензема.

Французинот е во одлична форма, по огромните критики тој постигна пет гола во последните три меча, а Сантијаго Солари имаше што да им порача на незадоволните навивачи.

Ги жалам луѓето кои досега не знаеа за Бензема, се уште има такви кои го виделе само минатата недела. Реал секогаш се враќа по своето, овој тим има воинствен дух и никогаш нема да се откаже – изјави Аргентинецот.