Солари: Четврта титула по ред? – Ништо не е невозможно за Реал Мадрид!

Солари: Четврта титула по ред? – Ништо не е невозможно за Реал Мадрид!

Сантијаго Солари во пресрет на натпреварите од Лигата на шампионите зборуваше за шансите што неговиот тим ги има за освојување на четвртата титула по ред во ова натпреварување.

Кралевите се апсолутни фаворити во осминафиналната пресметка против Ајакс и се освен нивен пласман во четвртфиналето ќе се смета за вистинска сензација.

Четврта титула во Лигата на шампионите по ред? Ништо не е невозможно за Реал Мадрид. Сепак, прво мора да се помине Ајакс кој е познат по системот на работа со младинските селекции. Доста се посветени и играат напаѓачки. Тоа ќе биде тежок натпревар, но сите натпревари во Лигата на шампионите се тешки – заклучи Солари.

Првиот натпревар помеѓу Ајакс и Реал Мадрид на програмата е закажан за 13 февруари на Амстердам Арената.