Софија Вергара сподели фотографии од семејните албуми

Софија Вергара сподели фотографии од семејните албуми

Атрактивната актерка Софија Вергара на Инстаграм објавила две фотографии кои настанале во 90-те години, каде позирала со синот Маноло.

„Маноло беше нервозен бидејќи беше вака облечен“, духовито напишала Софија под фотографијата, на која се гледа дека на момчето не му е многу драго што ќе се фотографира.

Во семејните албуми сите имаме барем една фотографија од детството на која правиме смешни гримаси или на која се гледа дека не сакаме да се фотографираме, но „мама нè натерала“.

Токму таква фотографија објавила и Софија Вергара на својот Инстаграм профил. Додека Софија е подготвена и позира за фотографирање, во атрактивно црно фустанче, на малиот Маноло изгеда дека не му е најпријатно во прегратката на мајка си, каде погледот му е насочен во „непријатен“ дел од нејзиното тело.

На втората фотографија Маноло изгледа порасположено за фотографирање, а слаткото момче е облечено во црна ролка, додека позира со својата мајка.