Со фризура, шминка и фустан од 3000 долари, Меланија Трамп зборува за гладни деца

Со фризура, шминка и фустан од 3000 долари, Меланија Трамп зборува за гладни деца

Kaква е оваа иронија на Меланија Трамп која често знае да направи некоја грешка поради која е мета на новинарите, а овој пат стварно претера.

Таа беше во центарот на вниманието и ги засени сите настани и случувања на Конвенцијата на републиканците кога  американските медиуми го прогласија за плагијат нејзиниот говор со кој таа го величи својот сопруг.

Сега, повторно направи потег која ја разбесни јавноста.

За време на ручекот при  Мисијата на САД во ОН со својот силен говор Меланија одлучи да ги повика светските лидери да се обединат, за да создадат подобар живот за децата.

Но, и овој настап наиде на критики. Таа употреби мисли како „ниедно дете не треба да биде гладно“ во фустан од Delpozo вреден 2.950 долари.

-Ниедно дете не треба да се почувствува гладно, изнемоштено, исплашено или прогонето немајќи каде да се обрати за тоа. Ние мора да го учиме секое дете на вредностите на емпатијата, љубезноста, внимателноста, интегритетот и лидерството, а сите овие нешта се учат само преку пример, рече Меланија

Би било одлично Доналд Трамп да ги послуша советите од неговата сопруга и да примени некои од набројаните вредности. Освен, тоа и Меланија можеби треба да размисли дали зборувањето за гладни деца во фустан од речиси 3000 долари е вистински потег.