Смарт пегла за сите домаќинки!

Смарт пегла за сите домаќинки!

Денес на располагање ни се „паметни“ верзии од разни апарати за домаќинството, а Laurastar Smart е првата пегла од овој вид.

Она што ја двои од обичните пегли е тоа што е првата конектирана пегла на светот, која ја користи специјалната Bluetooth технологија за која е поднесен патент со чија помош се поврзува со апликацијата на вашиот смартфон.

Во неа има вградено сензор кој ќе ви помогне да ја оптимизирате техниката на пеглање, што е овозможено преку споредување на потезите кои ги правите при пеглањето со оние прикажани на интерактивното видео кое апликацијата го овозможува.

Постојат три персонализирани нивоа на упатства – за почетници, понапредни и експерти. Целиот систем всушност функционира како личен „тренер“ за пеглање, а и самите можете да си го евалуирате прогресот преку системот за „награди“ на апликацијата, како и преку нејзината способност за водење евиденција на сите претходни пеглања.

Laurastar Smart има и способност да ги следи движењата, и во однос на нив самата да ја активира пареата. Тоа што е толку интелигентна и автономна значи дека веќе нема да има потреба да се нагодува нејзината температура бидејќи термостат е специјално програмиран самиот да се адаптира на разните материјали на облеките.

Кога ќе се појави на пазарот, ќе чини околу $1400 во што ќе биде вклучена и специјалната даска за пеглање во вграден резервоар за вода со филтер.