Слушнете ја новата песна на Енрике Иглесијас и Anuel AA

Слушнете ја новата песна на Енрике Иглесијас и Anuel AA

Енрике Иглесијас има нова песна за која соработуваше со порториканскиот рапер Емануел Сантијаго, познат како Anuel AA.

Спотот за заедничката песна на двајцата музичари „Fútbol y Rumba“ е составен од видеа снимени за време на карантин на бројни славни личности. Шекил О’Нил, Лионел Меси, Серхио Рамос и Луис Суарез се само дел од врвните спортисти кои се појавуваат во спотот.

Видеозаписот вклучува и кадри од луѓе кои им аплаудираат на здравствените работници за време на пандемијата со коронавирусот.