„Слушам кај шумат шумите“, новата преработка на Некст Тајм

На 10 октомври овој месец,со почеток во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје Стефан и Мартин од „Некст тајм“ ќе го претстават својот најнов музички проект.

Tие ја преработија старата македонска песна „Слушам кај шумат шумите“ и снимија спот во кој покрај нив се појавува една македонска актерка.

„Не би сакале многу да откриваме, ова е нешто на коешто макотрпно работевме изминативе две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата ‘Ѓурѓа’,“ рекоа момците од „Некст тајм“.