Славниот актер на „Дизни“ уапсен за педофилија

Славниот актер на „Дизни“ уапсен за педофилија

Стони Вестморленд (48) беше уапсен овој викенд во Јута поради сомневање дека на интернет наговарал на секс малолетно лице. Иако сè уште не е познато дали станува збор за девојче или момче, постои сомневање дека лицето има само 13 години.

Актерот кој се истакна со улогата на дедо во телевизиската серија „Енди Мек”, која се емитува на каналот „Дизни“, сега е во притвор.

Во случај обвинувањата да бидат точни, Вестморленд би можел да биде осуден на неколку години затвор.

Како што пренесува TMZ, американскиот актер се допишувал со малолетното лице и го наговарал на секс и испраќање експлицитни фотографии преку онлајн апликација за запознавање, што е забрането со закон.

Имајќи предвид за што е обвинет, Вестморленд доби отказ од „Дизни“ веднаш по апсењето.