Слатко девојче е мини верзија на Ријана

Слатко девојче е мини верзија на Ријана

Ријана остана без зборови кога здогледа фотографија од мало девојче кое екстремно многу наликува на неа.

Славната пејачка ја сподели фотографијата од слаткaта Ала на Instagram и напиша: „За малку ќе го испуштев телефонот. Како?“

Сличноста помеѓу нив привлече огромно внимание и многумина започнаа да пројавуваат интерес за девојчето. Тајра Бенкс се обиде да ја идентификува со цел да ѝ помогне да стане модел.