Скорсезе и Леонардо Дикаприо повторно заедно!

Скорсезе и Леонардо Дикаприо повторно заедно!

“Devil in the White City” како заеднички проект на Мартин Скорсезе и Леонардо Дикаприо ќе биде телевизиска серија, а не филм.

Познатиот режисер Мартин Скорсезе планираше на направи филмска адаптација на “Devil in the White City” уште од 2003 година, а плановите започна да ги прави во 2016 година.

Според пишувањата на Индепендент, сега е откриено дека адаптацијата на најпродаваниот трилер на Ерик Ларсен ќе се појави на малите екрани.

Приказната се одвива во 1893 година и се преплетуваат приказните на двајца мажи: Даниел Х. Бурнам, архитект и урбанистички дизајнер кој работи на Светскиот саем во Чикаго и Хенри Холмс, харизматичен доктор, измамник, бигамист и сериски убиец кој ќе привлече околу 27 и 200 жртви во својот детално осмислен “Замок на убиства”.

Дикаприо ќе биде продуцент, но сè уште не е познато кој ќе глуми во адаптацијата.

Скорсезе повторно, по 6 пат ќе соработува со Дикаприо на големото платно на филмот “Killers of the Flover Moon”.

Станува збор за адаптација на романот Дејвид Грен која обработува низа убиства во индијанското племе Осага во Оклахома во 20 години на 20 век, откако на нивната земја беше пронајдена нафта. Случајот се смета за прва истрага за убиства на ФБИ.