СКОПЈЕ СИТИ МОЛ Е ПРВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НАГРАДЕН СО МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

СКОПЈЕ СИТИ МОЛ Е ПРВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР НАГРАДЕН СО МЕЃУНАРОДЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

„Скопје Сити Мол “ од 16 јуни 2020 година е првиот трговски центар во Република Северна Македонија кој е сертифициран како објект која ги исполнува условите за превенција од ширење на КОВИД-19.

Оваа акредитација потврдува дека трговскиот центар е во согласност со меѓународните најдобри практики, индустриски организации и совети, Светската здравствена организација (СЗО) и Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Во текот на периодот додека трговскиот центар беше затворен, Скопје Сити Мол имплементираше мерки насочени кон здравјето и безбедноста пред повторното целосно отворање. Со повторното отворање на трговскиот центар Скопје Сити Мол ги спроведе сите препорачни мерки за безбедност. Истите вклучуваат инсталирање станици за дезинфекција на раце кај влезовите, зголемен и посебен режим на чистење и дезинфекција, подни насоки за движење, банери кои ги потсетуваат посетителите на правилата за социјално растојание, дополнителни производи за чистење и целосно длабоко чистење и дезинфекција на клима централите, зголемено обезбедување за вршење на контрола на посетителите за носење заштитна опрема и држење на дистанца, како и спречување на групирање на посетители во трговскиот центар и пред влезовите. 

Трговскиот центар со цел да ја зголеми довербата во продавниците и кај посетителите, тие пристапија кон Скандинавската компанија ССЦ (SAFE Shopping centers ) за да извршат целосна ревизија и преглед на донесените мерки и нивна имплементација. По извршениот преглед, ССЦ им додели на Скопје Сити Мол сертификат со кој се потврдува дека во трговскиот центар се имплементирале светските препорачани мерки безбедност поврзани со COVID-19.

„Ние сме горди со нашиот тим кој работеше многу напорно во периодот кога нашиот трговски центар беше затворен, да го подготват објектот за неговото повторно отворање и имплементирање на мерките за функционирање на трговскиот центар. Целиот тим работеше со голем ентузијазам за да ја добиеме оваа акредитација и исто така сме благодарни на нашите закупци кои соработуваа и ги имплементираа сите заштитни мерки во нивните локали.  Исто така драго ни е бидејки сме првиот објект на кој им се доделува такво признание во Република Северна Македонија. Ние се грижиме за здравјето на нашите посетители, со цел секоја посета во трговскиот центар да биде пријатна и безгрижна, како и вработените да се чуствуваат безбедни на нивните работни места, но сепак тоа не можеме без совеста од нашите посетители бидејќи станува збор за здравјето на илјадници луѓе. Затоа во овие денови кога бројот на разболени се зголемува уште еднаш ги замолуваме нашите посетители да ги почитуваат мерките кои се спроведени во трговскиот центар”- изјави Ебру Радевски –генерален директор на Скопје Сити Мол.

Трговскиот ценар констатно се реновира и подобрува веќе подолог временски период.

„Поминаа тешки 3 месеци, не само заради спроведените нови мерки за да ги заштитиме нашите посетители и трговци, туку и ние сме во процес на подигнување на трговскиот центар на повисоко новио како и градење  на нов уште подобар идентитет на Скопје Сити Мол. Јавноста ги препознава новите содржини и големото реновирањето и разубавување на трговскиот центар, нови брендови, подобар распоред на локалите, додавање на уште еден есклатор, нови ротирачки врати, нови тоалети и реновирање на ходници. Овој голем проект за нас, продолжува во текот на оваа и наредната година, детали кои ќе ги откриеме наскоро. Скопје Сити Мол вложува големи напори за да го заштити здравјето на вработените во молот како и на посетителите, но не можеме сами, затоа би сакал да упатам апел до јавноста за почитување на мерките како носење маски и одржување на растојание во трговскиот центар. Да се заштитеме себе си и тие околу нас!’’ изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.