Škoda има рекордна продажба во 2018та година

Škoda има рекордна продажба во 2018та година

Škoda Auto објави дека компанијата забележа нов продажен успех, со раст од 11,6%, односно реализирани 652.700 продажби во првата половина на 2018, што е најдобро прво полугодие во целата историја на чешкиот производител.

Само во изминатиот месец, глобалната реализација на Škoda е подобрена за 10,8%, или 116.500 пласирани единици. Меѓу главните „мотори за успехот“ на компанијата се SUV моделите Kodiaq и Karoq, како и новината наменета само за Кина компактниот кросовер- KAMIQ .

Најдобро продаваниот автомобил на Škoda во првите шест месеци на 2018 година е Оctavia (210.700), а потоа се подредуваат Fabia (105.300), Rapid (101.400), Kodiaq (77.900), Superb (74.100), Karoq ( 50,100), Citigo (21.000), Yeti (12.000) и Kamiq (200).

Од Škoda евидентираа раст од 5,9%, или 267.100 автомобили во Западна Европа во првата половина на годината, во Централна Европа подобрувањето е 8.2%, или 20.800 единици, а во Источна Европа (без Русија) е 17.5% , односно 22.600 возила.

Škoda
На својот најголем пазар- Кина, ја завршува првата половина на 2018 година со подобрување во бизнис од 23.5%, со реализирани 165.500 возила.