Скандали во The Voice, Адам Левин на тапет!

Скандали во The Voice, Адам Левин на тапет!

Американската верзија на музичкото шоу The Voice се најде на удар на критики откако пејачот на групата Maroon 5, Адам Левин во емисијата од вторникот пушти натпреварувачка во следен круг иако не отпеала ниту една песна.

Левин е еден од членовите на жирито во 15 сезона на шоуто, а веќе на почетокот на емисијата водителот Карсон Дејли на сцената ги повика сите натпреварувачи и откри кој од нив доби најмногу гласови од публиката.

Од десет натпреварувачи, на сцената биле девет, а недостигаше 14 годишната соул и поп пејачка Реган Стрејнџ.

“Таа е тука во зградата, но не се чувствува добро па нема да ни се придружи. Со нас е духовно и дел е од оваа емисија, барем засега”, рекол Дејли и започнал да ги чита резултатите. Стрејнџ била помеѓу оние со најмалку гласови заедно со кантри пејачот Дејв Фенли (39) и аренби пејачот Деандре Ник (22).

Од емисијата биле елиминирани двајца натпреварувачи па потоа тројца се борат за спас со пеење на уште една песна. Проблемот настана поради тоа што Стрејнџ не можела да пее поради својата состојба.

“Реган сè уште не е добро, такашто вечерва нема да настапи. Тоа не значи дека за неа нема да можете да гласате. Значи нема да настапи, но не е сигурно дека нема да испадне”, појасни Дејли.

Гледачите потоа ја виделе нервозната Стрејнџ во бекстејџот.

Тренерите, односно членовите на жирито, Блејк Шелтон, Кели Кларксон и Џенифер Хадсон ја пофалиле изведбата на Ник, но Адам Левин имал друга идеја.

“Малку сум збунет што си на дното. Ти си извонреден пејач. Меѓутоа, сакам да кажам…Постои неверојатно талентирано девојче кое во овој момент не може да се бори за своето место во емисијата”, рекол Левин.

“Имам посебен однос со неа. Дома имам две девојчиња. Помислата дека ќе ѝ го скршам срцето со тоа што нема да ги повикам луѓето да гласаат за неа би било под мое ниво”, рекол Левин и додал дека мора да се избори за неа.

Гледачите на крајот ја спасиле Стрејнџ, а многумина го нападнале Левин дека му пресудил на Ник со своите коментари.

“Апсолутно најнепрофесионалниот тренер во шоуто”, “Засрами се Адам Левин”, коментирале.

“Не беше во ред што ја избра Реган наместо Деандре. Не требаше својот глас да го употребиш на тој начин”, гласеше уште еден коментар.