Сите погледи кон розевиот лелеав фустан на Моника Белучи!

Сите погледи кон розевиот лелеав фустан на Моника Белучи!

Ништо помалку не се очекуваше од Моника Белучи,поготово не на на доделувањето на наградите на 65. Филмски фестивал во Сан Себастијан, Шпанија,каде таа носела лелеав розов фустан.

Низ тенката ткаенина се оцртувале облините на 52-годишната италијанска актерка по која воздивнува целиот свет. Наградата ѝ ја врачил познатиот актер Џон Малкович.

Неколку часа пред врачувањето на наградата, Белучи одржала конференција за медиумите на која зборувала за својата кариера, но и за насилството кое било истакнато во голем број од нејзините филмови.

“Сметам дека таа дуалност помеѓу поезијата и насилството отсекогаш била дел од мојата кариера. Мислам дека поезијата во насилството е дел од мојата работа”, одговорила таа на прашањата поврзани со филмот “Малена” која го снимила во 2001 година.

“Луѓето, таа година во Кан сметаа дека тој филм е пренасилен, а денес тој претставува култен филм кој студентите на факултетите го проучуваат”, додала Моника.

Минатото лето, Моника Белучи го промовираше филмот “On The Milky Road” кој го сними заедно со Емир Кустурица.