Синот на Вил Смит призна дека е геј

Синот на Вил Смит призна дека е геј

Синот на Вил Смит, Џејден Смит јавно изјави дека е хомосексуалец и дека подолго време негов дечко бил раперот Тајлер.

„Еднаш кажав, ќе кажам и пак. Тајлер е мој дечко ѝ отсекогаш бил мој дечко“, изјавил неодамна Џејден Смит, во една американска радио емисија.

На почетокот раперот Тајлер познат под сценското име „Креатор“, изјавил дека Смит само се шегувал, но по неговиот повторен настап, останал без коментар. Тајлер не се огласил во јавноста за да ги демантира или потврди изјавите на Џајден.

Тајлер во 2014 година изненади голем број фанови, кога во музичкиот албум призна дека го привлекуваат мажи.

„Мојот следен потег ќе ги остави голем број на луѓе без текст, но јас сакам бели момчиња уште од 2004 година“, гласел еден стих од неговата песна од албумот „Flower Boy“.
Од тогаш Тајлер добил голем број на закани на темел на неговата сексуална ориентација, но изјавил дека веќе се навикнал на тоа.