Синот на Викторија Бекам во врска со Плејбој модел!?

Синот на Викторија Бекам во врска со Плејбој модел!?

Синот на Викторија и Дејвид Бекам – Бруклин, ја замени својата девојка – актерката во подем Клои Морец, за „Плејбој“ модел.

19-годишниот Бруклин беше пресретнат од папараците како се бакнува со убавицата Лекси Вуд. Очигледно прилично брзо ја надминал разделбата со актерката од хорор филмовите „Кери“ и „Пушти ме внатре“.

Вистината е Бруклин и Клои постојано раскинуваат и се собираат заедно. Од последната слика е јасно дека тие се веќе разделени. Барем за сега. Тие не објавија ништо јавно.

Двајцата се заедно од 2016 година. Минатиот месец, на роденденот на Бруклин, Клои објави снимка, на која му кажува колку многу го сака.