Синот на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато се бори со рак

Синот на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато се бори со рак

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато поминаа низ кошмарен период додека нивното синче се бореше со рак на црниот дроб.

И двајцата ги имаа ставено кариерите на пауза додека траеше здравствената криза. Сега, откако малиот Ноа извојува победа над болеста, 42-годишниот пејач проговори за мачното искуство.

„Бев во пеколот. Не зборувам за целата сторија, дури ниту со моите пријатели, затоа што боли премногу. Тој е суперхерој, не треба да го преживува истото повторно. Но, јас бев во пеколот. И знаете што, пеколот изгледа како навистина добро место за одмор во споредба со она каде што бевме ние.“

„Навистина мислев дека никогаш нема да ѝ се вратам на музиката. Семејството е она што е важно. Здравјето на моите деца е на прво место. Односите со моето семејство, со мојата сопруга, мојата вера – сето тоа со леснотија кажувам дека е на прво место… Рак е, па очигледно треба да го следиме, но немаше да го правам ова ако тој не беше во ред“ – изјави Библе за австралискиот весник Herald Sun.

Лекувањето на Ноа заврши во март минатата година, а неколку месеци подоцна Луисана и Мајкл решија дека е време да продолжат со професионалните ангажмани. Канадскиот пејач се враќа на музичката сцена со нов албум. Тој признава дека ужасната болест му помогнала да го гледа животот од нова перспектива.

„Тоа што гледав на работите толку јасно ми даде можност повторно да ја пронајдам љубовта кон музиката. Ќе се вратам во свет на кој му треба љубов и романтика и смеа повеќе од кога било“ – додал тој.

По тешкиот период, за парот доаѓаат многу среќни моменти. Луисана наскоро ќе го роди третото дете. Тоа ќе биде прва ќерка за славната двојка.