Силвестер Сталоне со сопругата и трите ќерки на луксузен одмор во Франција

Силвестер Сталоне со сопругата и трите ќерки на луксузен одмор во Франција

Силвестер Сталоне е голем обожавател на француската ривиера и редовно одмара таму со своето семејство.

Славниот актер, кој пред неколку дена наполни 72 години, деновиве неколкупати беше фотографиран со сопругата и ќерките на луксузна јахта во Сен Тропе. 21-годишната Софија, 19-годишната Систин и 16-годишната Скарлет пливаа и се забавуваа на јахтата. Големо внимание со својот изглед привлекуваше неговата 42-годишна сопруга Џенифер Флавин.