Силвестер Сталоне под истрага за сексуално вознемирување

Силвестер Сталоне под истрага за сексуално вознемирување

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне е под истрага откако една жена во ноември минатата година го обвини дека сексуално ја вознемирувал во деведесттите години.

Американските обвинители отвориле истрага за да утврдат дали актерот, легендарниот Силвестер Сталоне треба да биде кривично гонет поради сексуално насилство.

Тоа обвинение доаѓа во момент кога феминистичкото движење “MeToo” е сè погласно и жените од Холивуд храбро говорат за своите искуства.

Адвокатот на глумецот во декември рече дека Сталоне ги негира овие обвиненија, но призна дека бил во врска со таа жена во 1987 година за време на снимањето на еден филм во Израел.

Адвокатот додаде дека Сталоне кој во јули полни 72 години, планира да ја тужи таа жена, чие име сè уште не е соопштено, поради давање на лажни изјави за нивната врска.