Сиара се појави со синчето на црвениот тепих на AMA 2018

Сиара се појави со синчето на црвениот тепих на AMA 2018

Сиара го имаше најслаткиот придружник на црвениот тепих на доделувањето на Американските музички награди.

Во театарот „Микрософт“ во Лос Анџелес, 32-годишната пејачка се појави со 4-годишното синче Фјучр. Популарната музичка ѕвезда носеше фустан и сандали од DSquared2 и накит од Pandora.

На сцената, Сиара настапи со „Dose“ и „Level Up“ со Мис Елиот.