Сиара го роди третото дете

Сиара го роди третото дете

34-годишната пејачка Сиара сподели видео од болница со синчето кое го доби името Вин.

Бебето се родило тешко 3,6 килограми. Тоа е нејзино второ дете со Расел Вилсон, со кого ја имаат и ќеркичката Сиена. Сиара има и син со раперот Фјучр.

„Среќен роденден ВИН!!! Мама и Тато те сакаат. Вин Харисон Вилсон“ – напиша таа во описот на видеото.