Сиа стана мајка

Сиа стана мајка

Славната пејачка во интервју посветено на нејзиниот музички соработник Дипло сподели дека стана мајка откако посвои момче.

Коментирајќи дека многу ја привлекува Дипло, таа вели:

„Голем дел од нашата врска се состои од обиди да немаме секс за да не ја уништиме нашата бизнис врска, затоа што тој е супер-дупер згоден. Годинава, му испратив порака и му реков ‘Еј, слушај, ти си еден од петте луѓе кои сексуално ме привлекуваат, но сега, откако одлучив да бидам сингл до крајот на животот и само што посвоив син, немам време за врска… Ако си заинтересиран за секс без обврски, побарај ме’“.