Сиа стана мајка

Сиа стана мајка

Сиа ги изненади своите обожаватели со шокантна вест. На почетокот на оваа година, таа откри дека стана мајка откако посвои момче, но дури сега сподели дека всушност посвои две деца.

Момчињата имале по 18 години и им истекувало времето во кое биле згрижени од социјалните служби.

44-годишната пејачка ја откри веста во видео интервју.

„Јас всушност посвоив два сина минатата година. И двајцата имаа 18 година, а сега се 19-годишници. Им изминуваа годините кога требаше да бидат згрижени. Да, и ги сакам“ – изјави таа и додаде дека двајцата тешко се справуваат со карантинот, но прават работи кои се добри за нив.