Сиа се појави во јавност без перика

Сиа се појави во јавност без перика

43-годишната пејачка, која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Walmart“ и им ги плати сметките на сите купувачи.

На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.

Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Twitter.

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си!! Но, оваа добрина мора да добие признание“ – напиша таа.

Музичката ѕвезда потоа се фотографирала со своите фанови.