Шумахер 50-тиот роденден нема да го дочека во кревет

Шумахер 50-тиот роденден нема да го дочека во кревет

Михаел Шумахер здравствено е многу подобар, но сепак претстојниот роденден ќе го прослави во кругот на семејството.

Медиумите пишуваат дека Шумахер веќе не е „врзан“ за кревет и не се храни со помош на цевчиња, туку дека речиси пет години по несреќата тој се чувствува и е многу подобар.

Годините минати во болка и трпение за својот живот го научиле да не дава во јавноста премногу информации за приватниот живот, а во согласност во Сабина Ким која е задолжена за јавноста, одлучил да не се огласува премногу во медиумите.

Во Швајцарија на 3 јануари тој ќе го прослави својот 50 роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Како што навела Ким, за него најдобар подарок за половина век живот ќе бидат сеќавањата на сите трофеи и награди кои ги освоил во Ф1.