Што значи лузната на Хари Потер?

Што значи лузната на Хари Потер?

На Твитер неодамна се појави теорија за лузната на челото на Хари Потер, а фановите на познатиот магионичар останале шокирани и веднаш започнале расправа на социјалните мрежи.

Хари Потер има лузна на челото која многумина ја опишуваат како “молња”, но на Твитер профилот “Today Years Old” пишува дека воопшто не станува збор за молња туку за потег со рака кој е потребен за да се изведе злокобната клетва “Авада Кедавра” со која Волдеморт пробал да го убие Потер додека бил дете.

Како доказ е објавен и скриншот од страницата “Harry Potter Wikia” токму од тој дел кој е опишан во објавата.

Многу обожаватели на Хари Потер останале зачудени и признале дека, иако многумина од нив ги читале книгите и ги гледале филмовите, не го знаеле овој податок.

“Не сум фан на Хари Потер, но ова ме изненади”, “Всушност не сум го знаел ова. Ги сакам филмовите, но никогаш не сум ги прочитал книгите”, се само дел од коментарите под објавата, но имало и такви кои не биле уверени во оваа теорија.

“Ако тоа е вистина, зошто овој потег никаде не се споменува? И доколку е вистина, зошто Џ. К. Роулинг сѐ уште не го потврдила тоа?”, “Зошто потегот е наопаку на фотографијата?”, пишувале оние кои не веруваат во ваквата теорија.