Што треба да содржи Whey протеинот кој го конзумираме ?

Што треба да содржи Whey протеинот кој го конзумираме ?

Whey протеин – можеби најкористениот и најпрактичниот суплемент кој може да се најде на пазарот. Користен и од почетници па се до најголемите професионалци во спортот. Денес пазарот на суплементи нуди толку голем спектар и лепеза на производи, што колку и да се разбираме може да предизвика бунило.
Што подразбираме под квалитетен Whey протеин ? Пред се, мора да обрнеме внимание од што е главниот извор на протеинот кој сакаме да го купиме. Често може да се наиде на мешавини од протеини и брендови кои гарантираат и назначуваат дека нивниот производ е протеински богат,  но не назначуваат од што е најголемиот процент на извор на протеин. Па така, се користат понискоквалитетни и поефтини за производство извори на протеин, како што е протеинот од соја, ориз или пченица како примарен извор, а млечната сурутка е ставен во многу мал процент, а тој е оној квалитетен извор на протеин кој треба примарно да го содржи еден добар протеински суплемент.

Најдокажаната комбинација и сооднос на извор на протеин е комбинацијата од Whey Isolate & Whey Concentrate. Зашто ? Изолатот обезбедува брзо разложување и апсорбција, нешто што е погодно за после тренинг и содржи низок процент на масти и шеќери (некои протеински додатоци се и без лактоза), додека концентратот има поспора апсорбција, која пак би обезбедила подолготрајно разложување и апсорбирање на протеините до неколку часа по конзумирањето. Ова е погодно и за после тренинг а и за било кој период во денот (наутро, како ужина или пред спиење). Исто така треба да обрнеме внимание на тоа самиот протеин да има висока содржина на глутамин и BCAA. Разгранетиот ланец на амино киселини (BCAA) ги содржи најважните есенцијални амино киселини кои телото не може да ги произведе, односно синтетизира и затоа е од исклучителна важност да имаме нивен адекватен внес. Без нив е невозможен мускулниот раст; особено амино киселината Leucine (останатите две се Iso-leucine i Valine) која е тригер за целиот процес на протеинска синтеза. Глутаминот е најзастапената амино киселина во телото, која помага за забрзан опоравок, темел е за одржување на добар имунитет и подобрува дигестија во желудникот.