Што треба да содржи вашето мени во текот на ладните денови?

Што треба да содржи вашето мени во текот на ладните денови?

Според старата индиска дисциплина Ајурведa во ладните денови добро е да консумирате храна која го загрева телото. Погледнете што треба да се најде во вашето мени во текот на зимските месеци…

Ваша храна секогаш треба да ги следи промените и да служи како темел за успешното прилагодување на телото и психата.

Дали долго време сте се обидувале да направите некој здрав, зимски оброк, но не знаете од кои намирници? Ова ќе ви помогне…

– Лук, чили пиперки, семе од синап, и црн бибер – го засилуваат дигестивниот оган и го загреваат телото.

– Црвена леќа, мед, сите млечни производи – го загреваат телото.

– Пченка, костени, тиква – сезонска храна која е добар извор на енергија.

– Мешунки, цели зрна житарки, компир, мусли – намирници богати со магнезиум.

– Млад грашок, лелено семе, јаткасти плодови, просо, леќа, хељда – помагаат во развојот на менталните способности и репродуктивните функции.

Лукот е една од најстарите култивирани билки во светот. Денес е докажано дека лукот содржи околу двеста активни материи – богат е со етерично масло кое содржи сулфур, витамини (А, Б1, Б2 и Ц), минерали (калиум, железо, јод, калциум, селен и фосфор), содржи аминокиселини, ензими, полиози како инсулин, аденозин и алицин. Има исклучително силни антивирусни, антибактериски и антифунгални својства.