Што се калории и колку се точни калориските пресметки на храната ?

Што се калории и колку се точни калориските пресметки на храната ?

Можете да погледнете во било која храна во маркет и многу лесно ќе ја најдете калориската таблица, но дали знате како научниците ја одредуваат калориската бројка, или колку е тоа точно ? Научете ја едноставната наука позади сето тоа!

Независно дали сте обичен купувач, спортист или родител кој припазува на тоа што и колку конзумираат нивните деца, сигурно сте погледнале во оние таблици со бројки кои ги има на спакуваната храна. Веројатно го проверувате вкупниот број на калории на целото паковање од повеќето видови храна кои ги јадете. Но дали некогаш сте се запрашале како тие калории се пресметуваат ?
Ако ова прашање ви прошло низ ум, можеби сте одишле малце и подалеку и сте се запрашале зашто 1 грам јагленохидрати и 1 грам протеини имаат 4 калории, а 1 грам масти има 9 калории. Уште помистериозно е како ги пакуваат само 100 калории во квантитативно обемни видови на храна!

Како се пресметува енергијата во храна изгледа како една од најголемите животни мистерии, но постои многу едноставен метод позади сето тоа! За да разберете како се пресметува енергијата, мора прво да дефинираме што е калорија.

Калоријата е едноставно мерна единица на енергија; или подетално, тоа е количината на енергија потребно за да покачи 1 грам вода за 1 степен целзиусов. Како и да е, тоа не е она што го гледате обележано на храната. Калориите (Caloriе), забележете го големото C, она што гледате на храната е всушност килокалорија (Kcal) или 1,000 калории, кое што е количината потребна да покачи 1 килограм вода за 1 степен целзиусов. Не , не треба да почнете да ги броите вашите калории и да ги множите со 1,000. Оваа информација е со цел да се разбере науката и различните значења на зборот. Само запомнете, кога збориме за храна збориме за килокалории (Kcal).

Тогаш како се калориите на вашата омилена храна пресметани ? Оригиналниот метод, наречен bomb calorimetry вклучува ставање на храна во сад полн со вода, и буквално подревајќи ја водата се додека храната не е загреана целосно. Топлината која што ќе излегува од храната, ќе ја доведе до зголемување на температурата на водата. Научниците можат да пресметаат промената на температурата на водата за да калкулираат колку калории имало во храната. Од овој метод, ова се вредностите пресметани за макронутриентите:

  • Јагленохидрати – 4,2 Kcal
  • Масти – 9,4 Kcal
  • Протеини – 5,7 Kcal

Ова е малце повеќе од она што го гледате на паковањата, нели ? Тоа е така затоа што методот што се користи за мерење пресметува прецизна калориска вредност на храната, но калкулира малку повеќе за вистинската искористлива енергија, затоа што брзината на апсорбција и дигестија варира кај луѓето.

Кога ќе погледнете на храната – 4 килокалории за јагленохидрати, 4 килокалории за протеини и 9 килокалории за масти – се индиректни калориски проценски направени користејќи го Atwater системот, систем за конвертирање наречен по неговиот креатор, Dr. Wilbur Olin Atwater.

Овој метод ги зема во предвид бруто енергетската вредност, јасниот коефициент на дигестивност и уринарната корекција на еден извор на храна за да се пресмета најточната мерка на макронутриентите до ден денес. На пример, фибридите го намалуваат процентот на искористеноста на храната која се користи од телото за производство на енергија, па така фибридите се поделени од целосната бројка на јагленохидрати пред да се пресметаат калориите. Затоа сме запознаени со 4 калории на 1 грам јагленохидрати наместо 4,2. Постојат некои ограничувања со овој метод и минимални варијации, но целокупно дава прилично точни вредности.

Дали ознаките на храната се точни ?

Сега од како знаете што се всушност калории и како се пресметуваат, следниот чекор е да се праша – Дали калориските таблици на храната што ја купуваме се точни ?

Истражување објавено во “The Journal of the American Medical Association” покажало дека вистинската калориска вредност во пакуваната храна се разликувала околу 25 проценти од она што било назначено на храната. Додатно, истражување на универзитетот “Tufts” во Бостон, ја истражувал точноста на ознаките на храната во храната во рестораните и замрзнатите оброци. Истражувачите утврдиле дека храната во некои ресторани имала дури двојно калории од тоа што било приложено, а просечната калориск содржина на замрзнат оброк била за 8 проценти повисока од она што било назначено.

ЗАКЛУЧОК

Иако овие истражувања откриле некои калориски табели на храна се неточни, разликите се минимални и не треба да се загрижувачки. Како и да е, ако сте загрижени за точноста на ознаките на храната, мерете ја вашата храна во грамови наместо да се ориентирате според препорачаната грамажа по една порција и бидете редовни со пратењето на тоа. Дури и бројките да се малку различни, се додека ги броите калориите , може да направите мали промени во количината на храната што ја конзумирате за да достигнете она што сакате.