Што нудат новите таблети на Apple?

Што нудат новите таблети на Apple?

Apple деновиве „во тишина“ ги претстави новите модели на своите таблети кои се опремени со моќниот А12 Bionic процесор.

Двата најнови iPad таблети на Apple имаат поддршка за Stylus кој секако, ќе треба дополнително да биде купен, а за Air моделот е достапна и тастатура, па јасно е дека Apple кај овие таблети стави акцент на продуктивноста.

Од Apple велат дека новите таблети доаѓаат со „понапредни предни и задни камери“ со кои можат да се снимаат видео записи во Full HD резолуција, а фотографиите ќе бидат одлични и во услови на слабо осветлување.

Новата генерација на iPad Air доаѓа со нешто поголем екран – дијагоналата изнесува 10,5-инчи со резолуција од 2224х1668 пиксели, има Touch ID Home копче, влез за слушалки и Lightning приклучок, а достапен е во верзии од 64 и 256 GB меморија. Тенок е само 6,1 мм и тежи 556 грама, а ќе се продава по цена од 499 долари за основната верзија од 64 GB.

Долго време се чинеше дека iPad mini за Apple е завршена приказна, но очигледно е дека во компанијата не мислат така. Дијагоналата на екранот е иста како и кај претходните модели, изнесува 7,9-инчи со резолуција од 1048х1536 пиксели. Новиот процесор е три пати помоќен од претходниот, а почетната цена за основниот модел од 64 GB ќе изнесува 399 долари.