Што ни подготвува Самсунг за 10-ти април?

Што ни подготвува Самсунг за 10-ти април?

Самсунг на 10-ти април би требало да претстави нов “Galaxy”, односно цело ново семејство на паметни телефони.

Јужнокорејската компанија овој евент го најави преку официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер. Покрај фотографијата на која се прикажани три уреди, од Самсунг напишаа: „Влезете во ерата на живеењето“.

Оваа претставување ќе следува само два месеци откако Самсуг ги претстави новите “Galaxy S10” паметни телефони, како и првиот телефон на преклопување “Galaxy Fold” и уште неколку уреди.

Самсунг не открива што точно ќе биде претставено на 10-ти април, но неодамна започнаа да кружат гласини дека Јужнокорејците се подготвуваат за претставување на сосема нов паметен телефоно од “A” серијата – “Galaxy A90”.

Што знаеме за “Galaxy A90”? Името веќе се појави на интернет страницата на Самсунг како уред на кој ќе можее да се игра ексклузивната верзија на играта “Asphalt 9” на “Gameloft”. Според објавената фотографија, може да се заклучи дека уредите ќе имаат екран на целата предна површина, па можеби Самсунг ќе го претстави и првиот телефон со селфи камера која излегува од самиот уред.

Исто така, лесно е да се воочи дека има три уреди, па затоа започнаа и гласини дека Самсунг ќе претстави и модел “Galaxy A70” и “Galaxy A50”, но секако, ќе треба да почекаме до 10-ти април и да видиме што имаат подготвено од Самсунг.